Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп со нова закана: Вечерва ќе умре цела една цивилизација

/

пред 182 дена

Сподели преку :

„Вечерва ќе умре цела една цивилизација и никогаш нема да се врати“, гласи најновата закана на американскиот претседател Доналд Трамп преку Трут Сошл упатена за Иран.

„Цела една цивилизација вечерва ќе умре и никогаш повеќе нема да се врати. Не сакам да се случи тоа, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот во кој ќе преовладуваат поинакви, попаметни и помалку радикализирани умови, може и ќе се случи нешто револуционерно дорбо. Кој знае? – Ќе дознаеме вечерва во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот“, напиша Трамп на Трут Сошл.

„Четириесет и седум години рекет, корупција и смрт, конечно, ќе завршат. Бог да го благослови големиот народ на Иран“, додаде Трамп.

Трамп вчера го помести ултиматумот за Иран за постигнување на договор или отворање на Ормускиот теснец за денеска во 20 часот по источно време. Во најновото од низата одложувања, се закани дека, во случај да нема договор, Иран го „чека пекол“.

САД со ултиматум до Иран: Прифаќање на ултиматумот или „враќање во камено доба“