Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петковски: Личи дека концепцијата на законодавецот е со законот за високо образование да одиме по секоја цена повисоко на Шангајската листа

/

пред 182 дена

Сподели преку :

Законот за високо образование, генерално, носи некои реформи ако се гледаат во пакет трите закони, особено од аспект на профункционирање на системот за евалуација кој што треба да го спроведе агенцијата за високо образование, од аспект, пак, на продукција на научни трудови и посериозна истражувачка активност личи дека концепцијата на законодавецот е да одиме по секоја цена повисоко на таа фамозна Шангајска листа, рече Александар Петковски, универзитетски професор, во денешното издание на „Директно“ на ТВ Телма.

„Работите одат со еволуција, многу тешко со револуција. Личи како ние да сакаме да скокнеме чекор-два наеднаш и тука ќе се соочиме со проблеми околу реализацијата на тие потешки критериуми“, смета Петковски.

Главните забелешки, според него, се однесуваат во делот на оние кои што треба да напредуват како асистенти, доценти, вонредни…

„Тие се испаничени дека наеднаш се наметнуваат критериуми на објавување на Web of science, се наметнуваат метрики како IG индекс. Тие се работи, ако гледаме регионално, па дури и пошироко, никаде не се јавуваат како формални критериуми. Посебно тој IG индекс. Тука некаде луѓето се паничат, во смисла „како ќе стигнеме, како ќе реализираме“, додаде Петковски.

С.Д.