Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муслиу: Надежта од Шарената револуција се изгуби кога системот почна да се инструментализира

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Во дебата  „Вин-Вин“, аналитичарот Алберт Муслиу нагласи дека клучниот проблем по Шарената револуција е губењето на мотивацијата и колективната надеж кај граѓаните. Тој потсети дека во 2015–2016 година постоела широка и разнолика коалиција – од партии до граѓански сектор – обединета околу заедничка цел.

„Тоа беше трансетничко спојување кое успеа да се издигне на ниво на општествена реакција“, рече Муслиу.

Но, според него, пресвртот дошол кога очекувањата за правда почнале да се компромитираат.

„Мотивацијата се губи кога ќе видите инструментализација на истиот принцип и од лево и од десно“, оцени тој, додавајќи дека клучниот момент на разочарување бил кога паролата „Нема правда, нема мир“ ја изгубила својата суштина.

Муслиу посочи дека суштината на проблемот лежи во правосудниот систем и во перцепцијата дека механизмите на моќ останале непроменети.

„Разочарувањето почна кога се виде дека истиот механизам само се презеде и продолжи да работи со исто темпо“, нагласи тој.

Тој додаде дека одговорноста не е само кај политичарите, туку и кај граѓаните. Според него демократското општество подразбира вклучени граѓани, а не само граѓани кои се жалат на социјалните мрежи.

Т.Д.