Качувајќи се на „Ер Форс Два“ на пат кон Пакистан, американскиот потпретседател Џ.Д. Венс рече: „Со нетрпение ги очекуваме преговорите. Мислам дека ќе бидат позитивни. Секако ќе видиме.“
Тој го цитираше Трамп кога рече: „Ако Иранците се подготвени да преговараат со добра намера, ние сигурно сме подготвени да им подадеме рака.“
Но, тој додаде: „Ако се обидат да нè изиграат, тогаш ќе откријат дека преговарачкиот тим не е толку приемчив.“
Венс, исто така, рече дека Трамп „ни даде прилично јасни упатства“ за тоа како треба да се одвиваат разговорите, но не даде повеќе детали.
- Слушајте, со нетрпение ги очекуваме преговорите. Мислам дека ќе бидат позитивни. Секако ќе видиме. Како што рече претседателот на Соединетите Американски Држави, ако Иранците се подготвени да преговараат со добра волја, ние сигурно сме подготвени да им подадеме рака. Ако се обидат да не изиграат, тогаш ќе откријат дека преговарачкиот тим не е толку приемчив. Затоа ќе се обидеме да имаме позитивни преговори. Претседателот ни даде некои прилично јасни упатства и ќе видиме. Па се надевам дека имате безбеден лет. Секако ќе одговориме на некои прашања подоцна- Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.
Потпретседателот не одговараше на прашања од новинарите што патуваа со него.
САД не успеаја да спроведат две клаузули од договорот за прекин на огнот што требаше да се спроведат пред почетокот на разговорите во Пакистан.
Ова денес го изјави претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф, објави Азербејџан 24.
- „Две од мерките договорени од страните сè уште не се спроведоа: прекин на огнот во Либан и одмрзнување на иранските средства пред почетокот на разговорите“, напиша тој во изјава во X.
Галибаф истакна дека сите клаузули од прелиминарниот договор за прекин на огнот требало да се спроведат пред почетокот на разговорите во Исламабад.
Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучни преговори САД – Иран
Б.С.











