Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските библиотеки се прилагодуваат на лицата со посебни потреби

/

пред 175 дена

Сподели преку :

Се обучува кадар и се создаваат подобри услови за македонските библиотеки да бидат попристапни на лицата со посебни потреби. Овие институции стануваат места каде се поттикнува социјалната вклученост, креативноста и личниот развој.

Според Јовица Ничевски директор на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје ова подразбира не само подобра инфраструктура, туку и достапни материјали, како што се книгите на Брајово писмо

Единствениот музикотерапевт Томислав Таневски вели дека комбинацијата на читање книга со добра избрана музика дава резултати во прицесот на инклузијата. Најчесто се користи инструментална музика а ваквиот пристап им помага на лицата со попреченост да се фокусираат, релаксираат и поактивно се вклучат во процесот на учење и читање.

Според експертите инклузијата на лицата со пореченост се уште е на ниско ниво во споредба со останатите држави.

Викторија Димитрова Јованова