Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четири фирми се пријавиле на тендерот за електрични автобуси

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Четири фирми се пријавиле на тендерот за набавка на електрични автобуси, што го распиша Министерството за транспорт и врски.

Постапката е затворена, а институциите го чекаат истекот на законскиот рок за пристигнување на понуди по пошта, по што ќе започне и нивната евалуација.

Вкупно се планира набавка на 150 автобуси, од кои 100 се наменети за Скопје, а останатите 50 за други градови низ земјава. Според објавената техничка спецификација, вредноста на набавката се проценува на 51 милион евра.

Автобусите треба да бидат во црвена или бела боја, со најмалку 33 седишта и капацитет од минимум 66 патници. Дел од проектот е и поставување на 75 станици за полнење со моќност од најмалку 120 киловати по приклучок.

Доколку тендерот биде успешен, првите 30 електрични автобуси се очекува да пристигнат шест месеци по склучување на договорот.

Ова е втор обид на Владата да обезбеди електрични автобуси.  Претходниот тендер пропадна затоа што единствениот понудувач не ги исполнуваше бараните услови.

Симона Петровска