Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се реконструира Старата чаршија, ќе се реставрира калдрмата и подземната инфрaструктура

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Од денеска започнува реконструкција на Старата чаршија, која од општина Чаир ја најавија како една од најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении.

Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи водовод, канализација, електрична мрежа и оптичка инфраструктура. Интервенцијата вклучува и ново осветлување во традиционален стил, уредување на пешачките површини и поставување на урбана опрема, со што се создава функционален и атрактивен простор за граѓаните и посетителите.

„По повеќе од пет децении без сериозни интервенции, започнуваме вистинска трансформација на Старата чаршија. Ова е инвестиција што го враќа урбаниот достоинство, функционалноста и живоста на овој историски простор“, рече градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 29 милиони денари односно над 475 000 евра.