Новоименуваниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), Ацо Ристов ја презеде функцијата од Лирим Сулејмани, заменик-претседател на РКЕ.
Комисијата соопшти дека на средбата за примопредавање на функцијата, нејзините членови го информирале новиот претседател Ристов за тековните активности во секторите за кои е надлежна РКЕ, а кои се поврзани со енергетските реформи, како и за состојбата со водните услуги и статусот на процесите поврзани со новиот сектор – комунален отпад.
Во фокус на состанокот беше начинот како РКЕ дејствува во време на ценовна нафтена криза и мерките што се преземени со цел амортизирање на ценовниот удар на нафтените деривати.











