Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минимален пораст на цените, ситуацијата е под контрола – покажала анализата на Министерството за економија

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Анализата што Министерството за економија и труд,  ја изготви во соработка со Државниот пазарен инспекторат, покажала минимално поскапување на прехранбените производи.  Биле споредувани цените на  55 најпродавани производи во четири трговски синџири  од 1 февруари до 1 април 2026 и заклучокот е дека движењата на цените се умерени и под контрола.

„Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%“,  соопштија од Министерството за економија. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%.

Според анализата на Министерството за економија благ пораст има кај цените на основните прехранбени производи  од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај киселото млеко, сирењето, јајцата и маслото.

Поветинување има кај безалкохолните пијалоци  од 1,01%  и кај овошјето и зеленчукот од 0,86%, освен доматите и кромидот кој поскапеле.

Пазарните состојби ќе се следат и во иднина и  доколку е потребно, од Министертството најавуваат дека ќе предложат соодветни мерки за стабилизација на цените.

Горивата поевтинуваат, за цените на храната се чека Мицкоски да ја разгледа анализата