Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бишевац: Дали ќе оди во затвор Груевски ако се врати, не е волја на Мицкоски туку сила на закон

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Аналитичарот Сафет Бишевац смета дека и покрај политичките промени во Унгарија, правниот процес околу Никола Груевски ќе биде долг и комплексен.

„Ако се врати и дали ќе оди во затвор, не е волја на Мицкоски туку сила на закон“, нагласува Бишевац, потенцирајќи дека институциите, а не политиката, ќе го имаат последниот збор.

Тој потсетува дека Груевски добил азил врз основа на тврдења за политичка дискриминација, што дополнително го усложнува процесот за евентуално негово укинување. „Во случај и тоа да го тргнат на страна унгарските власти, тој ќе има право преку емиграциски власти да ја обжали одлуката“, објаснува Бишевац.

Според него, јавноста можеби очекува брз исход, но реалноста е поинаква. „Ова ќе трае долго без разлика дали ќе се врати или не“, заклучува Бишевац, оценувајќи дека станува збор за процес со долгорочни правни и политички импликации.

Т.Д.