Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Aтанасовски: Груевски веќе не е во „комотна“ позиција во Будимпешта

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Политичките промени во Унгарија отвораат сериозни дилеми за иднината на Никола Груевски, кој со години уживаше политички азил под заштита на Виктор Орбан. Според аналитичарот Благојче Атанасовски, новиот курс на Будимпешта значи драстична промена на односот кон ваквите случаи.

„Дефинитивно позицијата на Никола Груевски не е толку комотна, во однос на тоа дали би можел да престојува во Будимпешта како што тоа беше во овие седум години и половина“, вели Атанасовски.

Тој додава дека изјавите на Петар Маѓар укажуваат на целосен пресврт во политиката.

„Гледаме менување за 180 степени на официјална Будимпешта за вакви конкретни случаи“, посочува тој.

Според него, отворањето на прашањето за евентуално одземање на азилот ја става под лупа и целата правна рамка, но и иднината на Груевски, кој би можел да се соочи со нова неизвесност.

Т.Д.