Иако живееме во 21 век, дел од земјоделските практики во Македонија остануваат непроменети со децении. Земјоделците сè уште користат штетни методи, додека државата не обезбедува доволно едукација и поддршка за современи решенија.
Палењето на нивите и стрништата, наместо да исчезне, сè уште е честа појава – практика што експертите ја оценуваат како директна закана за почвата, животната средина и безбедноста на граѓаните. Но, проблемот не лежи само во навиките, туку и во системот: недоволна едукација, слаба контрола и отсуство на долгорочни политики за одржливо земјоделство.
Палењето на нивите не е само погрешен избор – тоа е практика со сериозни последици. Резултатот е двојна штета: уништена почва денес и намалено производство утре.
Зошто земјоделците не се откажуваат од штетните навики?
НКЕТА: Што е главната причина што луѓето сè уште палат?
а) Навика;
б) Најевтина опција;
в) Не знаат за алтернативни методи или
г) Знаат, ама им се скапи.