Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Супорт Кочани“ обезбеди медицински креми за погодените од пожарот

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Граѓанската иницијатива Супорт Кочани реализираше набавка на медицински креми во вкупна вредност од 1.023.871 денари, наменети за лицата погодени од пожарот во Кочани.

Средствата се обезбедени преку донации од граѓани и компании, со поддршка од аптеки кои овозможиле значителни попусти.

Во рамки на набавката се обезбедени креми наменети за заштита, регенерација и нега на кожата кај лица со изгореници.

Дистрибуцијата ќе се врши преку младинскиот центар „Гнездо“ во Кочани, во директна координација со засегнатите лица, со цел навремена и соодветна поддршка во процесот на нивно закрепнување.