Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Во Кривичен суд продолжи изведувањето на материјани докази од страна на обвинителството на судењето на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел на самоубиство неговата сопруга Ивана, како и за кривичните дела нанeсување телесни повреди и загрозување на сигурноста.

Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие  се расправаат, по што таа се јавува некаде.  По извесно време, на видеото се гледа  како доаѓаат двајца полицајци кои ги повикала Ивана. Тие настрана разговараат со неа и со Стојанче и по неколку минути си заминуваат.

Оваа снимка е направена само неколку часа а пред Ивана да си го одзеде живото заедно со 6-годишната Катја.

Беше презентирано и друго видео од телефонот на Стојанче – тој  ја снима Ивана непосредно откако ја пријавува за семејно насилство на 192.. . На овој видео запис се гледа Ивана како стои во ходникот пред вратата на нивниот стан каде што живееле и разговара со обвинетиот со прекрстени раце како да се брани. Плаче цело време. Стојанче ја снима  и и вели „Тргни ми се Ивана“, додека таа му вели „Не ме удирај повеќе“. Таа се држи за главата и постојано плаче, а Стојанче почнува да се смее.

Ивана на 2 март го загуби животот по пад од балкон од шести кат заедно со нејзината 6 годишна ќерка Катја во скопско Тафталиџе.