Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска и официјално завршува грејната сезона

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Денеска (15 април) и официјално завршува грејната сезона и започнува т.н. преоден период кој трае до 30 април, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

„Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, од утре, па сè до крајот на месецот, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, согласно добиените податоци од Управата за хидрометеоролошки работи, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6 до 22 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен Целзиусов“, соопшти РКЕ.

Грејната сезона во Скопје за корисниците кои се приклучени на системот за парно греење започнува на 15 октомври и трае до 15 април.