Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Студенти и граѓани кои работеле во странство протестираа пред УЈП

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Пред седиштето на УЈП се одржува протест на студенти и други граѓани кои работеле во странство, а на кои им стигнало писмо од УЈП дека треба да платат данок. Тие го изразија својот револт и  незадоволство од одлуката на УЈП и велат дека од нив се бара да платат високa сумa. За нив е нелогично што сега треба да платат данок на парите што ги заработиле во 2020 година. Исто така се незадоволни и  од односот на вработените во УЈП од кои не можеле да добијат јасни насоки што треба да направат. Најголем дел од граѓаните кои денеска протестираа се студенти кои работеле во Германија преку „Work i travel“ и граѓани кои работеле во Авганистан и Ирак.

 

 

 

Од УЈП велат дека не станува збор за нова давачка, туку за примена на веќе постоечки закон. Според евиденцијата на УЈП, околу 8000 граѓани во 2020 година оствариле приходи надвор од земјата и уверуваат дека нема присилна наплата туку за поголемите износи се преговара да се платат на рати.

Ирена Чачкова