Мнозинството во собраниската Комисија за образование го одби амандманот на СДСМ со кој бараа, покрај електронското свидетелство, кое е предвидено со новиот Закон за основно образование, да остане и свидетелството во хартиена форма.
Сметаат дека нашиот електронски систем уште не е доволно развиен и наставниците ќе се соочат со проблеми. Владејачкото мнозинство, пак, аргументираше дека, со електронското свидетелство ќе се поедностави постапката и ќе се заштедат пари.











