Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мојсоска-Блажевски: Потребна е вистинска дијагноза на ценовните шокови за одржување на економската стабилност

/

пред 172 дена

Сподели преку :

Првичните оптимистички проекции за македонската економија се соочуваат со нови предизвици поради глобалните геополитички превирања и растот на трошоците за живот. Универзитетската професорка Никица Мојсоска-Блажевски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, истакна дека иако меѓународните институции предвидуваа умерен раст и стабилна инфлација, новата реалност бара внимателност и брзи реакции од монетарните власти.

Според професорката, проекциите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија, кои предвидуваа раст на домашната економија од околу 3,3% и инфлација од 3,8%, беа направени пред последната ескалација на состојбите на Блискиот Исток.

Мојсоска-Блажевски посочи дека растот на цените на нафтата и енергенсите, предизвикан од конфликтите, директно влијае врз забрзувањето на инфлацијата.

  • „Податоците од март веќе покажуваат одредено забрзување со стапка на инфлација од 4,9%. Навистина е тешко да се предвиди што ќе се случува понатаму, бидејќи тоа во голема мера зависи од времетраењето и интензитетот на конфликтот,“ изјави таа.

Професорката нагласи дека за соодветно справување со кризата е клучна „правилната дијагноза“ на состојбата. Официјалните статистички податоци покажуваат дека најголем раст на цените има кај прехранбените производи.

  • „Најголемиот раст е кај месото, јајцата, маслото за јадење, како и кај овошјето и зеленчукот. Иако некои од овие трендови може да се сезонски, неопходно е внимателно да се следи кои цени растат и кои се причините за тоа,“ додаде Мојсоска-Блажевски.

Во однос на мерките, професорката смета дека Народната банка, како и централните банки ширум светот, мора да остане на линија на претпазлива монетарна политика за да се зачува ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс.

Таа исто така спомена дека на меѓународно ниво веќе се отвора дебатата за опасноста од стагфлација – состојба на висока инфлација придружена со економска стагнација.

„Најважно е да бидеме оперативни во блискиот период. Доколку има потреба, мора да се преземат итни мерки за да се одржи стабилноста,“ заклучи Мојсоска-Блажевски, изразувајќи доверба дека монетарните власти внимателно ги следат движењата и се подготвени за соодветен одговор.

Б.С.