Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Девет лица се убиени во вториот напад со огнено оружје во училиште во Турција во последните два дена

/

пред 173 дена

Сподели преку :

Турција во шок. Нов крвав инцидент во турските училишта ја потресе денеска јавноста во државата, со уште потрагичен епилог од вчерашниот .

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи, потврди дека 9 лица биле убиени а 13 се повредени, од кои шест се на интензивна нега, откако еден 14 годишен ученик од осмо одделение донел оружје од дома и отворил оган во две училници, што резултирало со масакр. Тројца од повредените се во критична состојба а напаѓачот бил убиен во престрелката со полицијата.

Осум од жртвите во грозморниот напад се ученици а една од жртвите е наставник во училиштето.

Според информациите на турските медиуми, претпоставките се дека оружјето му припаѓало таткото на убиецот, пензиониран полицаец. Напаѓачот го извел масовното убиство со пет огнени оружја и седум рамки со муниција, пренесоа медиумите.

Мотивот за нападот засега не е познат, но според турскиот министер за внатрешни работи, не станува збор за терористички чин.

Тоа што е најшокантно за турските граѓани е дека убиството во училиштето се случува само еден ден откако поранешен ученик отвори оган во средно училиште во друга турска провинција, при што беа ранети 16 лица а напаѓачот потоа извршил самоубиство.

„14-годишен ученик од осмо одделение донел оружје од дома и влегол во две училници во нашето училиште, отворајќи оган насекаде, што резултирало со масакр. Како резултат на овој инцидент, имаме девет жртви — осум ученици и еден наставник. Дополнително, 13 лица се повредени. Шест од повредените се на интензивна нега, а тројца се во критична состојба“ – изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Мустафа Чифтчи.