Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесент: САД подготвува економски притисок врз Иран

/

пред 173 дена

Сподели преку :

Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека САД се подготвуваат да го засилат економскиот притисок врз Иран, велејќи дека републиканската администрација подготвува акција што ќе биде „финансиски еквивалент“ на кампањата за бомбардирање.

-Ја објавивме операцијата „Економски бес“ и повеќе од една година вршиме максимален притисок врз Иранците, како во блокирањето на плаќањата во иранската држава, така и во контролата на сметките на ИРГК. Една од грешките што може да се покажат како фатални, што ги направија Иранците, беше бомбардирањето на нивните соседи од Советот за соработка во Персискиот Залив, кои сега се подготвени да бидат многу потранспарентни во однос на средствата или да направат подлабоко истражување на средствата што се чуваат во нивните банкарски системи. Затоа, им упативме барање да замрзнеме повеќе средства на раководството на ИРГК и насите членови на иранското раководство, вели Бесент.