Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 19.000 евра казни, уништени повеќе од 270 тони небезбедна храна – вонредни контроли на АХВ

/

пред 173 дена

Сподели преку :

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа глоби од над 19.000 евра на оператори со храна, во рамките на спроведените 1.221 вонредна контрола пред велигденските празници, соопшти АХВ.

„Уништени се повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, нештетно уништени на депонијата „Дрисла“ беа и повеќе од 40 тони небезбедни јајца по потекло од соседна Србија кои беа спречени да се прошверцуваат во земјата“, стои во соопштението од АХВ.

Од таму дополнуваат дека за утврдените недоследности со вонредните контроли (пласирање храна на пазарот со поминат рок на траење, употреба на замрзанато месо (триминг) во подготовки од месо, несоодветно означени производи и други недоследнсти) донесени се 35 решенија за нивно отстранување и изречени се и шест опомени.

„Со контролите, кои беа насочени кон сите сегменти од синџирот на храна и имаа цел да спречат пласирање небезбедни производи и сузбивање нелегална трговија пред велигденските празници, утврдено е и дека седум од објектите не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Три оператори немале извршено задолжителни здравствени прегледи за вработените лица и не ги исполнувале барањата во однос на стручната подготовка за ракување со храна, а кај 13 оператори биле утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите за работа“, дополнуваат од АХВ.