Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ прогнозира инфлација од 4,5% за Македонија поради воениот конфликт на Блискиот исток

/

пред 170 дена

Сподели преку :

Воениот конфликт на Блискиот исток ги влоши економските прогнози на земјите. Па, така фондот за Македонија прогнозира инфлација од 4, 5 отсто. Исто колку Босна нешто пониска од Србија која се очекува да има највисока инфлација во регионов од  5, 2 проценти.

Од ММФ сметаат и дека растот на македонската економија ќе биде 3,1 отсто, додека владините проекции се пооптимистички 3, 8 проценти. Во регионот најголем раст се очекува да испорача Албанија.

Од Фондот предупредуваат и дека ако потрае воениот конфликт светото ќе мора да се подготви за тешки времиња. Најпогодени ќе бидат увозно зависните земји и оние кои немаат многу простор за поддршка на граѓаните и стопанството.

Апелираат мерките кои ќе ги креираат државите да бидат насочени кон најранливите категории.

Воениот конфликт удри и по јавниот долг. Прогнозите се дека за прв пат по  втората светска војна да надмине 100 отсто од БДП во 2029 година.