Пациентите со рак на дебелото црево во земјава се уште во голем број се дијагностицираат во доцна фаза на болеста. Сепак, во последните години Министерството за здравство прави значајни исчекори, воведувајќи нови методологии за рано откривање и третман.
Во Скопје денеска се одржа 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот беше организиран од Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи, во соработка со Европската асоцијација на дигестивни хирурзи.











