Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Картите за отворањето на Мајските оперски вечери распродадени за 30 минути

/

пред 170 дена

Сподели преку :

Националната опера и балет соопшти дека за само 30ина минути се распродадени сите билети за свеченото отворање на 54 издание на Мајски оперски вечери.

„Овој резултат уште еднаш ја потврдува позицијата на фестивалот како еден од најзначајните културни настани во земјата и регионот“ , оценија организаторите.

Во периодот од 9 до 31 мај, публиката ќе има можност да ужива во настапите  на реномирани домашни и светски уметници. Од драматичната моќ на „Риголето“, преку интензитетот на „Тоска“, до длабоката емоција на „Мадам Батерфлај“, потоа елеганцијата и трагедијата во „Травијата“, и завршувајќи со спектакуларното финале „Набуко“, секоја вечер е дел од внимателно креирана приказна што ќе го заокружи месец мај.

Организаторите упатуваат повик до љубителите на уметноста, да не чекаат. Затоа што Мајските оперски вечери не се само настан, туку искуство што се мора да се доживее и што се памети.