Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барел Брент под 90 долари – цената на нафтата падна за 10 отсто по објавата на Иран дека Ормускиот Теснец е отворен

/

пред 174 дена

Сподели преку :

Цената на нафтата нагло падна за 10 отсто по објавата на Иран дека Ормускиот Теснец е повторно отворен за комерцијален сообраќај. Тоа ги поттикна и очекувањата за нормализација на глобалното снабдување со енергенси.

Референтната светска цена на нафтата од типот Брент падна на помалку од 90 долари за барел, по оптимизмот за обновување на редовните испораки по повеќенеделното нарушување, пренесува Гардијан.

Ирански официјални претставници порачаа дека бродовите мора да користат однапред дефинирани и координирани рути, одредени од националната поморска управа.

Ормускиот Теснец е отворен за комерцијален сообраќај, објави Иран