Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сопственикот на „Пулс“ бара куќен притвор поради нарушено здравје

/

пред 167 дена

Сподели преку :

Адвокатката на сопственикот на дискотека „Пулс“  Дејан Јованов Деко, кој е првообвинет за пожарот побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Таа дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот за кој рече дека денеска бил спроведен од болница со отворена рана по оперативен зафат.

„Ова ги премина сите човечки граници на хуман третман и сметам дека е неопходно да му се укине притворот и замени со куќен. Селективна примена на оваа мерка, само на двајца од вкупно 34 кои се товарат за исто дело, иако Дејан е со најлоша здравствена состојба. Мерката притвор не соодветствува со целта, ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење“, изјави адвокатката Ивана Коцевска.

Судијката Дијана Груевска Илиевски, рече дека судот е многу добро запознаен со здравствената состојба и поради итност со негова согласност е однесен на операција во петокот.

„Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен“, изјави Груевска Илиевски.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.