Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Бизнис Објектив“: Лани се уплатиле над 290 милиони евра за осигурителни полиси

/

пред 166 дена

Сподели преку :

Иако осигурителниот пазар во Македонија е во континуиран раст, сепак бројките покажуваат дека застануваме зад европскиот просек.
Граѓаните и фирмите минатата година за осигурување на домовите, автомобилите, животот, осигурување од незгода и сите други опции што ги нудат осигурителните компании, уплатиле сума од околу 290 милиони евра, додека во 2020 година биле уплатени 163 милиони евра. Секако, најголемо учество има осигурувањето од автоодговорност, кое минатата година изнесувало 104 милиони евра, додека за зелен картон лани биле уплатени околу 24 милиони евра.
Сè поголем интерес има и за здравственото осигурување, за што во првите два месеци од годинава се уплатени 7,1 милиони евра.