Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање кај пирамидите во Мексико – убиен турист од Канада има и повредени

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Вооружен напаѓач отворил оган врз туристи на археолошкиот локалитет Теотихуакан, северно од Мексико Сити, при што загинал еден канадски турист, а шест лица се повредени.

Напаѓачот, кој се наоѓал на врвот на една од пирамидите, подоцна си го одзел животот.

Според властите, четири лица биле ранети од огнено оружје, додека две се повредиле при панично бегање.

Повредените, меѓу кои туристи од Колумбија, Русија и Канада, биле пренесени во болница, а нивната состојба засега не е целосно позната.

На местото на настанот биле пронајдени оружје, нож и муниција.

Претседателката Клаудија Шајнбаум изрази сочувство и најави истрага, додека канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд го осуди нападот.

Локалитетот Теотихуакан е една од најпосетуваните туристички атракции во Мексико, со милиони посетители годишно.