Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Српската агенција за лекови ја одобри вакцината на Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години

/

пред 1945 дена

Сподели преку :

Српската агенцијата за лекови и медицински помагала соопшти дека одобрила употреба на вакцината Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години.

Потврдено е дека се исполнети сите законски услови – а пред сè дека се исполнети највисоките професионални критериуми поврзани со безбедноста и ефикасноста – и е постигнат заклучок дека оваа вакцина може да се користи кај популација на возраст од 12-15 години во Република Србија, се наведува во соопштението на Агенцијата за лекови, пишува Нова.рс.

Како што е наведено, по позитивно мислење од комисијата за хумани лекови, АЛИМС ја одобри употребата на вакцината Комирнати против Ковид-19, произведена од Фајзер/БиоНтек, за возраст од 12-15 години.

Се додава дека во наредните денови ќе бидат променети составните делови на дозволата – Резиме на карактеристиките на лекот и Упатствата за пациентот, што исто така ќе биде објавени на веб-страницата на Агенцијата.