Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вербална расправа завршила со свирепо убиство – 19-годишник од Србија се сомничи дека со секира усмртил 48-годишен маж

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Жестока расправа меѓу две српски лица во близина на Сремска Митровица, резултирала со убиство. Откако вербално не можеле да се разберат, расправата преминала во физички конфликт, а потоа 19-годишниот употребувајќи секира како оружје свирепо го убил 48-годишниот маж.

Српската полиција го привела 19-годишникот кој се сомничи дека пред два дена сторил тешко кривично дело. Се сомничи дека откако го убил 48 годишниот маж, следната ноќ телото го пренел во атарот на селото Хртковци, при што го полеал со бензин и го запалил за да не остави траги.

Осомничениот е приведено од страна на полицијата и по наредба на Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица, му е одредена мерка притвор до 48 часа, во кој рок ќе биде приведен во обвинителството со кривична пријава.

Т.Д.