Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото) Реализација на тактички активности во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26“

/

пред 168 дена

Сподели преку :

Во рамки на реализацијата на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, на армискиот полигон „Криволак“ беа реализирани активности насочени кон извршување на тактички задачи во сложена и динамична безбедносна средина.

Активностите опфатија организација и функционирање на мобилни контролни точки, распоредување и дејствување од артилериски позиции, како и изведување на патролни задачи и посебни тактички дејствија.

Паралелно со тоа, единиците на терен функционираа и во услови на симулиран надзор и извидување од воздух, при што постапуваа согласно стандардните оперативни процедури, применувајќи соодветни мерки за зачувување на оперативната безбедност.

Со ваквиот тип на сценарија се овозможува реална проверка на способноста за навремено препознавање на различни предизвици, соодветна реакција и ефикасно извршување на задачите во различни тактички услови.

Активностите придонесуваат кон унапредување на борбената готовност на Лесната пешадиска баталјонска група и потврдување на способноста за дејствување во согласност со мисијата на единицата.