Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велев: Веќе два месеци пациентите со дијабетес немаат сензори – тендерот требаше да се распише во септември, а се распиша на 31 декември минатата година

/

пред 166 дена

Сподели преку :

Според Димче Велев, кој доаѓа од Здружението на пациенти со дијабетес нестабилно снабдување со медицински помагала, доцнења во тендери и недостиг на терапија се едни од најголемите проблеми.

„Кај нас состојбата е влошена. Имаме циклуси ‘добро-лошо’ од 2023 година. Добро е што инсулин има константно, но ништо друго не е стабилно. Веќе два месеца немаме сензори, а и оние 700–800 што се планирани се заглавени во тендерска постапка“, вели Велев.

Тој посочува дека проблемот не е само во процедурите, туку во одговорноста на институциите.

„Тендерот за сензори кој требаше да се распише во септември 2025 година беше објавен дури на 31 декември. Сега е април и сè уште немаме сензори. Не станува збор само за систем, туку за неодговорност и неказнивост. Никој не сноси последици за овие доцнења“, нагласува Велев.

Т.Д.