Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шукова: Со години укажуваме дека институциите треба да се зајакнат, особено во делот на инспекции, недовербата кај граѓаните ќе продолжи во процеси како овој за рестартирање на рудникот Крстов Дол

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Факт е дека недовербата кон институциите кои што треба да прават контрола, особено во делот на животната средина, е она што им прави недоверба на граѓаните кога започнува еден ваков процес, изјави Каја Шукова од СДСМ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за најавите за рестартирање на рудникот Крстов Дол кај Крива Паланка, каде се планира експлоатација на антимон.

„Факт е дека рударството може да придонесе како економска гранка за развој на одредени средини, особено помалите средини. Меѓутоа дали како општество, земајќи во предвид дека со години наназад укажуваме дека институциите треба да ни се зајакнат и се многу слаби, особено во делот на инспекцискиот надзор, дали сме спремни како држава. И заради тоа мислам дека недовербата кај граѓаните ќе продолжи и понатаму“, смета Шукова.

С.Д.