Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Eксплозија во хрватскиот град Сплит, загина едно лице

/

пред 165 дена

Сподели преку :

Најмалку едно лице загина во експлозија што доцна синоќа се случи во хрватскиот крајбрежен град Сплит, јавија хрватските медиуми.

Според информациите од сплитската полиција, експлозијата се случила во 22:40 часот по хрватско време во населбата Равна Нива во Сплит.  Досега е познато дека најмалку едно лице загинало, но засега нема информации за него.

Eксплозијата се случила во подвозник. Полицијата го обезбедила поширокото подрачје околу местото на инцидентот.

Истрагата е во тек, но во оваа фаза податоците од неа укажуваат дека не станува збор за кривично дело, туку за несреќа, се вели во соопштението на полицијата.