Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

АХВ информира дека нема небезбедна HiPP храна за бебиња на македонскиот пазар

/

пред 166 дена

Сподели преку :

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека досега нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ – бебешка храна од брендот HiPP (190 грама, стаклена тегличка со вкус на морков и компир), која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.

„До овој момент Агенцијата нема добиено нотификација преку RASSF дека спорниот производ е присутен на македонскиот пазар. Состојбата се следи внимателно и доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира“, велат од АХВ.

Оттаму додаваат дека од овластениот дистрибутер на производите на HiPP во земјава добиле писмено известување дека спорниот производ воопшто не е увезен во Македонија. АХВ апелира дека ќе продолжи со мониторинг на состојбата и навремено ќе ја информира јавноста доколку има какви било промени.