Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕПК 2028 е можност да го направиме главниот град отворен за граѓаните

/

пред 163 дена

Сподели преку :

Добиената титула Скопје -Европска престолнина на културата во 2028 година, е можност главниот град да го направиме отворен и поблизок до граѓаните. Ова денеска го кажа министерот за култура и туризам, Зоран Љутков , на конференцијата под наслов „ Обликување на иднината на Скопје“, организирана како почеток на подготовките за титулата Скопје- ЕПК 2028 година.

  • Титулата во 2028 година не ја гледаме само како културен настан. Ја гледаме како можност да направиме нешто значајно за иднината на градот. Да го направиме отворен град, пожив и поблизок до луѓето и сите различности во него, рече Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Министерот кажа дека се обезбедени 20 милиони евра за овој значаен стратешки проект со кој повторно ќе заживеат Скопското кале, Аквадуктот, Универзалната сала, локалитетот Скупи, шалтерската зграда од Главната Пошта и куќата на Есма Реџепова.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија рече дека преостануваат уште 20 месеци интензивна работа за подготовки на Скопје за титулата ЕПК.

  • Сега имаме 20 месеци од почетокот на годината за Скопје- ЕПК и не чека значителна работа. Така што, го поздравуваме до сега направениот напредок, особено во финансиската рамка и спроведениот прв повик за проекти. Сега фокусот треба да биде на организациските тимови и на уметничката програма, кажа Михалис Рокас, шеф на делегацијата на ЕУ во Македонија .

А, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, стратешка определба за 2028 година е наследството на Скопје да биде активирано, а не да остане само во музеите и како споменик. Во таа насока, тој најави повеќе чекори.

  • Ќе работиме културата да стане вистинска јавна инфраструктура. Ќе работиме на урбаниот идентитет на Скопје, заснован на автентичноста и сложеноста на градот. Ќе ја поврземе културата со квалитетот на живеење. Ќе го разбереме јавниот простор како културен простор. Ќе ги поврземе културата и економијата на нов начин. Културната политика не е трошок. Таа е инвестиција“, рече Орце Ѓорѓиевски , градоначалник на Скопје.

Примери од европски престолнини на културата во 2004 година говорат дека едно инвестирано евро јавни пари генерирало 10 евра во локалната економија и зголемување на посетеноста за 30 до 40%. Во 2028 година се очекува во Скопје да дојдат 7 до 8 милиони туристи. Но, според министерот Љутков, тоа зависи од развојот на инфраструктурата во главниот град и од програмата што треба да се реализира.

Сотир Трајков