Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп нема да користи нуклеарно оружје во војната против Иран

/

пред 164 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД  Трамп се вознемири на прашање кога еден новинар го праша дали би размислил за распоредување нуклеарно оружје против Исламската Република.

– Зошто би користел нуклеарно оружје? Ние целосно, на многу конвенционален начин, ги десеткувавме и без тоа – им изјави Трамп на новинарите во Белата куќа.

– Не, не би го користел. Никогаш не треба да му се дозволи на никого да користи нуклеарно оружје – додаде тој.

На прашањето за изгледите за долгорочен мировен договор со Иран, Трамп одговори: „Не ме брзајте“.

Трамп ги подгреа стравувањата за можна употреба на нуклеарно оружје на почетокот на април, кога се закани дека ќе ја збрише иранската „цивилизација“ доколку Техеран не ги исполни неговите барања.