Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во Ургентен центар се примени тројца повредени работници по несреќа на градилиште во Кисела вода

/

пред 167 дена

Сподели преку :

Во Ургентниот центар во Скопје се транспортирани тројца повредени работници од градилиштето во Кисела вода.
Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии и во тек се дијагностички процедури, соопштија од Ургентниот центар. Кај едниот веднаш е санирана повредата на лактот.
Третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница.
Од таму додаваат дека „се следи здравствената состојба на повредените лица и продолжува нивниот медицински третман“.
Од МВР претходно соопштија дека утринава на градилиште на ул. „Козјак“ во Скопје се случила несреќа, кога при ископ на темели со земја биле затрупани работници.
„Тројца работници се извадени и пренесени со возило на Итна медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека еден работник е пронајден починат, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.