Ископ за темели на станбена зграда во скопска Кисела Вода утрово беше фатален за едно лице, додека четворица завршија во комплексот „Клиники Мајка Тереза“.
Еден од нив е со тешки телесни повреди и се наоѓа на КАРИЛ, каде докторите го подготвуваат за оперативен зафат. Останатите тројца се здобиле со полесни повреди.











