Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Информација од ова утро 26.4.2026
Минимална температура (во °C)
0 Берово, 3 Mаврови Анови, Лазарополе, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Струмица, 5 Тетово, Велес, Штип, Попова Шапка, 6 Охрид, Претор, Прилеп, Куманово, Гевгелија, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 8 Виница, Kрушево.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!











