Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Украина можеби ќе мора да прифати губење на делови од територијата за членство во ЕУ

/

пред 161 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Украина можеби ќе мора да прифати губење на контрола врз делови од својата територија во мировен договор со Русија во иднина, пренесува „Ројтерс“. Евентуалните територијални отстапки директно ги поврза со шансите на Киев за членство во Европската Унија.

„Во некој момент Украина ќе потпише договор за прекин на огнот со Русија. Тогаш би можело да се случи делови од Украина повеќе да не бидат украински“, рече Мерц денеска во разговор со ученици од гимназија во Марсберг.

Тој додаде дека доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да ја соопшти веста за територијални отстапки на своите граѓани и ако сака да добие мнозинство за неа на референдум, ќе треба истовремено да каже дека „патот кон Европа е отворен“.

Мерц не очекува брзо пристапување на Украина во ЕУ, наведувајќи дека земјата не може во блокот додека е во војна, како и дека ќе мора да ги исполните строгите критериуми, вклучително и оние во врска со владеење на правото и борба против корупцијата.

„Зеленски имаше идеја за членство во ЕУ на 1 јануари во 2027 година. Дури ниту 1 јануари во 2028 година е нереално“, заклучи Мерц.