Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судење за „Пулс“ – млaдите починале од насилно задушување со јаглерод моноксид или притисок врз градниот кош

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Обвинителството ги презентираше обдукциските извештаи за починатите во дискотеката „Пулс“, на денешното продолжение на рочиштето на кое беа изведувани докази. Обвинителството соопшти дека во најголем број случаи смртта настанала насилно од задушување и труење со јаглерод моноксид или интоксикација со јаглерод моноксид. Во неколку случаи причина за смртта бил притисок врз градниот кош и термичко оштетување на горните дишни патишта.

На почетокот на судењето, адвокатката на првообвинетиот газдата на „Пулс“ Дејан Јованов – Деко повторно побара да му биде укинат притворот. Таа побара човечност при одлучувањето бидејќи Јованов е во тешка здравствена состојба. На ова бурно регираа родителите и роднините на починатите кои го следат судењето. Тие довикуваа „пратете го во хотел“, „пуштете го ние да му пресудиме“, и „срамота“. По ова судијката повика да се смират тензиите.

Укинување на притворот побараа и адвокатите на Беким Хаџиу и Тодор Јованов.

Елена Ивановска Мукоска