Нов протест на студенти и работници од Ирак и од Авганистан. Овој пат незадоволството го изразија пред Собранието.
Тие се револтирани зашто УЈП им бара да платат данок за пари заработени во странство. Тврдат дека до даночните служби тие доставувале докази дека данокот е платен во земјата каде работеле со години, но од УЈП не им ги признаваат.

Од Управата за јавни приходи неколку пати досега се изјаснија дека немало двојно оданочување.
Даночен револт: Студенти и работници од странство на протест пред УЈП











