Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доживотен затвор за Денис Асанов кој ја уби Борјанка Николова

/

пред 162 дена

Сподели преку :

Основниот суд во Штип денеска го осуди Денис Асанов на доживотен затвор за убиството на 79 годишната Борјанка Николова .

Во текот на судењето кое траеше два месеци, 74 годишниот Асанов тврдеше дека е невин. Тој сведочеше дека Николова  ја затекнал падната на скалите во купатилото, како лежи со главата свртена кон подот, сакал веднаш да пријави во полиција, но немал кредит на телефонот…

Убиството се случи лани, а дел од телото на жртвата беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според обвинението, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања, а исчезнувањето на жената го пријавила нејзината сестра.

Според МВР, по пријавата на 24 октомври 2025 година и претресот на 10 ноември, во домот на обвинетиот биле пронајдени траги од крв и други докази.

По претресот, Асанов бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор, а дополнителните вештачења довеле до детално објаснување на кривичното дело…

Викторија Јованова

„Ни кокошка не сум заклал, камоли човек“ – Асанов смени исказ и побара ослободителна пресуда во случајот со починатата Борјанка Николова