Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стојановска: Слободата на социјалните мрежи е поголема, затоа што одговорноста изостанува

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Тоа што сме ние реално во реалниот живот, не сме и во виртуелниот свет, односно градиме еден различен идендитет во виртуелниот свет, не сметам дека сме поразлични кога се обраќаме на социјалните мрежи, туку одговорноста е многу помала, рече Деспина Стојановска, психолог, во денешната дебата во „Директно“ на Телма ТВ.

„Кога непосредно во живо сме во комуникација, во некаков однос со некое лице, тогаш веднаш добиваме повратна информација за тоа како влијае нашиот говор, што доживува лицето, емпатијата е многу повеќе присутна, реакција имаме со тонот на глас, одбрана, итн. И сето тоа нѝ помага како луѓе да изградиме еден контролен систем кај нас самите, односно така сме и креирани да го имаме тој контролен систем за да нудиме однесување кое што е општествено или социјално прифатливо. На социјалните мрежи тој контролен систем не е тоа што е во реалноста. Имено, си дозволуваме да бидеме она што го потиснуваме или го притиснуваме кога сме неспоредно во комуникација со луѓето и си дозволуваме од нас да излезе она што е веројатно спречено, затоа што одговорноста е многу помала. Самата дистанца, тастатурата, тоа што ликот не е пред нас и не ја гледаме неговата моментална реакција ни дозволува да бидеме без контрола“, вели Стојановска.

Стојановска додаде дека слободата на социјалните мрежи е поголема, затоа што одговорноста изостанува.

С.Д.