Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија со две одличја на СП: Ракометарите го освоија златото, девојките сребрени

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Македонија освои злато и сребро на Светското училишно првенство во ракомет што изминатите десет дена се одржуваше во Скопје. Во финалните натпревари што се одиграа во салата „Јане Сандански“, кадетите славеа против Израел, додека девојките беа поразени од Хрватска.

 Ракометарите доминираа против селекцијата на Израел од почеток до самиот крај. На полувремето избраниците на селекторот Горан Кузманоски водеа со 20-14, а на крајот до победата дојдоа со 38-32 за да се закитат со златниот медал. Македонија беше перфектна на турнирот и ги доби сите шест натпревари.

 Девојките пак загубија од Хрватска со 28-26. По одличниот старт и водството од 5-1, на полувремето ривалот замина со предност од 12-15. Во вториот дел, Хрватска беше таа што водеше постојано, а Македонија успеа да се доближи на еден гол негатива на само пет минути до крајот. Следуваа две технички грешки во нападот, па Хрватска се одвои резултатски и на крајот славеше со два гола разлика.

 За Македонија ова беше исклучително успешен турнир, кој беше во организација на Федерацијата за училишен спорт во соработка со Ракометната федерација, а под покровителство на министерството за спорт.

ФОТО: Ракометна федерација на Македонија