Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атлетико Мадрид и Арсенал ќе водат „рововска борба“ за пласман во финалето во ЛШ

/

пред 157 дена

Сподели преку :

Атлетико Мадрид вечерва го пречекува Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони – дуел што носи судир на два различни фудбалски света, но со иста цел – пласман во големото финале.

Тимот на Диего Симеоне сезонава ја гледа Лигата на шампиони како единствена шанса за трофеј, откако остана без шанси за титулата во Ла Лига, а загуби во финалето на Купот на Шпанија од Реал Сосиедад. Аргентинскиот стратег пред натпреварот потенцира дека ова не е притисок, туку „одговорност“, а искуството на Атлетико во нокаут-фазите може да биде клучен фактор.

Од друга страна, Арсенал доаѓа со големи амбиции и желба да направи исчекор повеќе од лани, кога беше елиминиран во полуфиналето. Тимот на Микел Артета е непоразен сезонава во Лигата на шампиони и важи за еден од најконстантните состави во натпреварувањето.

Арсенал ја гради својата игра на цврста одбрана и контрола на топката, додека Атлетико има сличен стил и традиционално се потпира на дисциплина, компактност и тактичка зрелост. Токму затоа, овој дуел се најавува како „рововска борба“, каде секоја грешка може да биде пресудна.

Иако Арсенал оваа сезона убедливо го победи Атлетико со 4-0 во лигашката фаза и двата табора најавуваат сосема поинаков натпревар во Мадрид.

Првиот натпревар се игра вечерва во стандардниот термин од 21 часот на стадионот „Метрополитано“, а реваншот во Лондон идната недела ќе го даде конечниот одговор – кој ќе се избори за место во финалето на најелитното европско натпреварување.