Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц во интервју за „Шпигел“: Дипломатија без оружје е како музика без инструменти

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју за „Шпигел“ оцени дека Европа мора да ги засили сопствените одбранбени капацитети, вклучувајќи и разговори за нуклеарно одвраќање, бидејќи дипломатијата, како што наведе, не може да биде делотворна ако зад неа не стои вистинска воена моќ.

Повикувајќи се на мисла на прускиот крал Фридрих Втори, Мерц порача дека „дипломатијата без оружје е како музика без инструменти“. Со тоа нагласи дека европската надворешна политика, во сè понестабилното безбедносно опкружување, мора да се потпрена на способноста на континентот да се брани.