Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Имаме вишок на оружје, ќе почнеме со извоз, на маса е предлог и за САД

/

пред 159 дена

Сподели преку :

Украина се подготвува за извоз на оружје, бидејќи земјата произведува повеќе одошто е потребно на нејзините оружени сили, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во некои производствени подрачја моментно имаме до 50 отсто вишок на капацитетот. Извозот на украинско оружје ќе стане реалност. Украинската војска секогаш ќе има право на приоритет и снабдување во доволни количини, ќе земе сè што ѝ треба, а количината над тоа ќе оди за извоз. На маса е предлог и за нашите американски партнери“, рече Зеленски во обраќање до нацијата.

Според него, извозот би можел да вклучува дронови, одбранбени системи и други видови на оружје. Тоа, како што додаде, се смета за начин за финансиско зајакнување на Украина.