Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И по асфалтирањето, се копа и прекопува булеварскиот влез во Битола

/

пред 158 дена

Сподели преку :

Булеварскиот влез во Битола беше најавен како еден од капиталните инфраструктурни проекти на локалната власт, но и по речиси две години од почетокот на работите, делницата од 800 метри, се уште не е завршена. Иако улицата 8 Септември беше асфалтирана, на терен повторно се вршат интервенции. Се асфалтира, па се копа, реагираше советникот од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, Иван Чулакоски, кој подолг период ги следи инфраструктурните зафати во градот и укажува на неправилности.

–Сега ќе видите како изгледа еден од најголемите проекти на Коњановски. Оп, на здраво пак копано. Асфалтирај си – копај си. Овде има дупка, изгледа лопатата ја имаат загубено, па ја бараат. Оп, и овде уште една дупка, вели Иван Чулакоски, советник од „Поинаку“.

По реакциите, од Општина Битола потврдија дека се констатирани пропусти при изведбата и дека сега се вршат корекци , кои ќе бидат на товар на изведувачот.

– За комплетната изведеност на првата фаза во должина од 840 метри во моментот се постапува по забелешки од надзорот и стручните служби на општината. Она што ќе следува е хортикултурно уредување на овој дел од влезот. Во меѓувреме, од изведувачот е побарано да изврши корекција и да достави динамика за изведба на 11 позиции, рече Борче Димитровски, секреатар во Општина Битола од 27 до крај

Но ова не е првпат по асфалтирањето да се појавуваат оштетувања на нови коловози, со пропаѓање и деформации на асфалтот. На прашање на Телма пред неколку месеци, од локалната власт одговорија дека станува збор за појава што може да се јави во градежништвото, како резултат на влијанието на механизацијата, карактеристиките на тлото и временските услови при изведбата и тврдат дека не постои можност да се предвидат причините.

Новинар Емилија Мисирлиевски
Снимател Златко Јосифовски